Ми-Ан Македонско време Книги Е-изданија Контакт Site map

Независноста на Република Македонија, нејзината геостратешка положба на Балканот, како и интересот за овој регион последниве десетина години, ја наметна потребата на пошироката јавност да и се приопштат случувањата во Македонија, нејзиното минато и сегашност... Група независни новинари оваа потреба ја сфати како предизвик. Тие дојдоа на идеја Македонско време и The Macedonian Times да го публикуваат на два јазика - македонски и англиски. Подготовките почнаа на почетокот на 1994, а првите броеви на Македонско време и The Macedonian Times се појавија во септември истата година. Македонско време и The Macedonian Times се првите њузмагазини во Република Македонија.
Македонско време и The Macedonian Times се независни изданија и не се поврзани со ниту една политичка партија во земјата.
За време на своето публикување, Македонско време и The Macedonian Times се потврдија како сериозни, аналитички и добро информирани списанија. Веројантно, благодарение на уредувачката политика, која ги избегнува ефтините и непроверени шпекулации, како и на авторите кои се специјалисти во своите области: историја, култура, дневна политика, меѓународна политика... Во Македонско време и The Macedonian Times свои текстови објавуваат потврдени автори кои веќе имаат неподелен јавен авторитет. Ваквиот пристап овозможи Македонско време и The Macedonian Times публиката да ги прифати безрезервно и со нагласено внимание.